Американски пилот се обидел намерно да урне авион со 83 патници

0
75

Пилотот кој не бил на должност е обвинет за 83 точки за обид за убиство, откако наводно се обидел да собори патнички авион за време на летот на Алјаска ерлајнс.

Тој седеше во пилотската кабина зад пилотот и копилотот, се вели во соопштението на авиокомпанијата, пренесува Би-Би-Си.

Осомничениот е идентификуван како 44-годишниот Џозеф Дејвид Емерсон. Летот од Еверет до Сан Франциско со 80 патници во неделата бил пренасочен кон Портланд, додека осомничениот бил совладан без инциденти.

На аудиото се слуша како еден од пилотите вели: „Имаме момче кое се обиде да ги исклучи моторите од пилотската кабина. Мислам дека е совладан“.

Споменатиот пилот побарал присуство на полицијата од контролата на летање „штом слета и паркира“.

„Ние сме благодарни за професионалното справување со ситуацијата од страна на екипажот и го цениме смиреноста и трпението на нашите патници за време на овој настан“, се вели во соопштението на Alaska Airlines.