Анкета на ЦРПЦ: Граѓаните најмногу му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски

0
139

Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

Целата анкета може да ја погледнете на овој линк