Бујар Османи смета дека Груевски треба да се врати во Македонија, затоа што не е паметно човек со толку информации да биде во раце на друга држава

0
66

Најдобро е Никола Груевски да биде во Северна Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во друга држава, изјави за ТВ 21 министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од политички аспект, има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години и ги имал сите информации за државата, а е во рацете на друга држава тоа не е паметно за било која држава, рече Османи.