Полицаец спасил повозрасна жена од водите на Крушевско Езеро

0
53

Полициските службеници ја затекнале 68-годишната жена во моментот кога скокнала во езерото, по што еден од нив веднаш реагирал и успеал да ја спаси.

Полицаец вчера вечер успеал да спаси повозрасна жена која скокнала во водите на езерото во близина на Крушево, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Имено, како што информираат оттаму, синоќа околу 21:15 часот во крушевската полиција било пријавено дека 68-годишна жена има намера да се фрли во езерото во близина на Крушево.

Полициски службеници се упатиле на местото и ја затекнале жената во моментот кога скокнала во езерото.

„Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил“,

се наведува во краткото соопштението на МВР.
По настанот, жената била пренесена во Здравствениот дом во Крушево.