ВИДЕО: КАТАСТРОФАЛНА СООБРАЌАЈКА ВО САД, СЕ СУДРИЈА 158 ВОЗИЛА, ИМА ЗАГИНАТИ

0
81

Најмалку седум лица загинаа вчера на меѓудржавен пат во Луизијана во серија сообраќајни несреќи во кои учествуваа најмалку 158 возила, соопшти државната полиција. Повеќе од 25 лица се пренесени во болниците со повреди од полесни до критични, додаде полицијата во вечерното соопштение за печатот.

Метеоролозите претходно соопштија дека „супер магла“ ја зафатила областа западно од Њу Орлеанс околу времето на несреќата. Супер маглата е густа магла која се развива во влажни услови и може да ја намали видливоста на помалку од десет метри, според Националната метеоролошка служба.