Израел бомбардира стотици цели во Појасот Газа

0
48

Израелската војска утрово соопшти дека повторно бомбардирала стотици цели во Појасот Газа, при што загинале неколку команданти на исламистичкиот Хамас.

– Во текот на последниот ден, ИДФ погоди над 400 терористички цели и уби неколку команданти на Хамас и бројни оперативци кои подготвуваа напади, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните мрежи.

– Во широка операција за разбивање на терористичките способности на Хамас, ИДФ погоди десетици вооружени лица на Хамас кои се подготвуваа да истрелаат ракети и да извршат терористички напади врз израелскиот домашен фронт, соопшти војската, додавајќи дека борбените авиони на ИДФ „погодиле десетици локации на терористичката инфраструктура и терените на Хамас“ во пет населби.

Авион на ИДФ, исто така, „погодил отвор на оперативен тунел на Хамас што им овозможувал на терористичките оперативци брз пристап до крајбрежјето“ и „командните центри што ги користат оперативците на Хамас и местата kade што се планираат активности лоцирани во џамии што ги користи Хамас“.
Војската соопшти дека во нападите ги убила и замениците команданти на три баталјони. Вооружени милитанти на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи повеќе од 1.

400 луѓе, главно цивили во пограничната област, и киднапирајќи повеќе од 200 други, според израелската армија.

Израел одговори на терористичкиот напад со силно бомбардирање на Појасот Газа во кое досега загинаа над 5. 000 луѓе, според Министерството за здравство на Хамас.

Овие бројки не можат да се потврдат независно. На границите на крајбрежниот појас, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската армија се подготвува за евентуална копнена офанзива.

Извор: МИА