Владата ќе се задолжи со нови 502 милиони евра – економските експерти се држат за глава

0
68

Експерти и економисти велат дека е оправдано само ако за тој износ се намали надворешното задолжување на државата и ако каматните стапки кои ќе ги плаќаме се пониски од оние на надворешниот пазар. Дел од нив велат дека оваа одлука само покажува дека финансиската состојба на земјата е лоша.

Владата ја промени одлуката за задолжување на домашниот пазар и наместо како што се планираше дома да се задолжи со 350 милиони евра, сега ќе се задолжи со 502 милиони евра. Од Владата велат дека е планирано нето задолжувањето кај домашните кредитори во текот на оваа година да се зголеми за над 150 милиони евра, но експерти и економисти велат дека е оправдано само ако за тој износ се намали надворешното задолжување на државата и ако каматните стапки кои ќе ги плаќаме се пониски од оние на надворешниот пазар. Дел од нив велат дека оваа одлука само покажува дека финансиската состојба на земјата е многу лоша и се движи кон полошо.