Скопјанец пронајден починат во својот дом

0
95

Скопјанец на пеесет и тригодишна возраст бил пронајден починат во стан во Ѓорче Петров.

„На 24.10.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат М.Т.(53) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.