ЦУК: Вчера изгаснати четири пожари на отворено, активен пожарот во општина Дебар

0
74

Противпожарните тимови во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари на отворен простор, од кои до утрово се уште еден се води како активен.

Тоа е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово.

Како што соопшти ЦУК, вчера околу 12:45 часот преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е добиена дојава за пожарот.

Од Регионалниот ЦУК Дебар стапиле во контакт со ТППЕ Дебар и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар, како и со жители кои живеат во непосредна близина на местото каде што е забележан пожарот.

Притоа добиле известување дека пожарот е на тешко пристапен терен и нема опасност за негово проширување.

ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар соопштиле дека во текот на вчерашниот ден не било можно да се интервенира, а во текот на денешниот ден ќе испратат екипа на терен.

Во изгаснатите четири пожари на отворено, горела ниска вегетација.

Тие биле во: Општина Могила, кај село Ивањевци, Општина Долнени, меѓу селата Дебреште и Лажани, Општина Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане и во Општина Боговиње во атарот на село Урвич.