Илон Маск планира да наплаќа месечна претплата на сите X корисници

0
63

Сопственикот на социјалната мрежа X, порано позната како Твитер,Илон Маск изјави дека планира да наплати претплата за користење X на сите корисници, со цел да се бори со ботови.

Оваа идеја Маск ја изнесеза време на опсежем разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

,,Се движиме кон мала месечна исплата за користење на систенот X”, му рекол Маск на Нетанјаху, според Variety.

Маск не кажа колку ќе чини корисниците на социјалната мрежа новиот план за претплата,ниту кои други функции ќе бидат вклучени во плаќањето.

Тој посочи дека тоа ќе биде мала Претплата.