Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

0
48

Со учество на преку 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска во Скопје се оддржа 19-тото издание на Виз ер Скопскиот маратон. Кениецот Виктор Киплагат е победник на трката, на второто место заврши неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Победникот патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2 часа и 15 минути.

Во женска конкуренција победи Рут Матебо исто така од Кенија. Покрај маратонската трка, се оддржаа и полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 км.