Ли Кечијанг, поранешен премиер на Кина и мотор на реформите, почина на 68 години

0
56

Ли беше премиер 10 години за потоа да биде турнат настрана од Ши Џинпинг.

Поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг ненадејно почина на 68-годишна возраст, јавуваат кинеските државни медиуми. Ли имаше срцев удар и почина во Шангај рано во петокот, според кинеската новинска агенција Ксинхуа.

„Другарот Ли Кечијанг, додека одмараше во Шангај во последните денови, доживеа ненадеен срцев удар на 26 октомври и откако не успеаја сите напори да биде оживеан, почина во Шангај десет минути по полноќ на 27 октомври“, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Набљудувачите рекоа дека Ли ќе остане запаметен како поборник за послободен пазар, но и како симбол на политичката алтернатива настрана од автократскиот подем на Ши Џинпинг.

Текстот продолжува тука.