Ковачевски: Ги поттикнувам ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во работната група за изборите

0
65

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски од Дојран потврди дека во текот на вчершаниот ден имал средби со претседателите на четири политички партии, кои се дел од владината коалиција, меѓу кои и со Али Ахмети лидерот на ДУИ, а темата им била датумот за изборите во 2024 година.

-На тие средби разговаравме за сите актуелни прашања во државата, вклучително и за изборите, нормално. Она што можам да кажам во врска со подготовката на изборите, во делот на изборниот законик. Во делот на нивното одржување во Министерството за правда веќе постои работна група, каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници. Така како што е според Закон и процедура. Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делигирано свој претставник. Така да јас ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат во процес во којшто учесствуваа 30 и повеќе политички партии, вели Ковачевски.

Текстот продолжува тука.