Мајка монструм од Унгарија го претепала детето бидејќи било немирно, па го оставила да умре

0
72

Унгарските медиуми објавија дека тригодишно дете почина во градот Печух, откако неговата мајка К.О.И. (27) наводно го малтретирала, а потоа го оставила да умре.

За злосторството посведочил нејзиниот партнер (23), кој видел дека на детето му е потребна помош, но не направил ништо. Малото момче починало еден ден по злоставувањето, а во меѓувреме мајката и нејзиниот партнер биле под истрага за убиство.

Се сомнева дека при малтретирањето мајката со толкава сила го фрлила детето што при падот се здобило со фрактура на черепот, по што почнало да повраќа крв и на крајот се задушило.

Како што соопштија од Окружниот суд во Печух, осомничените живееле заедно во станот во кој жената го малтретирала детето. Според извештаите, детето плачело во креветчето. Мајката го земала и го фрлила на подот така што детето со главата удрило во тврда подлога.