МЗ: Оваа година два пати се покачуваа платите на здравствените работници

0
118

„Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата поливина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици. Сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство и министерот д-р Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба.

Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство во однос на покачувањата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.