По инситирање на Бугарија, американска држава Мичиген ја отстрани прокламацијата за прогласување на септември за месец на македонската култура во САД

0
77

На барање на Бугарија, сојузната американска држава Мичиген ја отстрани прокламацијата за прогласување на септември за месец на македонската култура во САД. Бугарскиот конзул во Чикаго, Светослав Станков тоа со писмо го побарал од Гувернерката Гречен Витмер.

„Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Северна Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година“, се вели во писмото. Во него тој додава дека комунистичката власт во Југославија насилно промовирала нова македонска етничка припадност и дека САД треба да најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи за како како што стои во писмото унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци.

Делот на веб страната на државата Мичиген каде што стоеа информациите за месецот на македонското наследство веќе е избришан а Обединетата македонска дијаспора поднела жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков.
Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа – се вели во реакцијата на Обединетата македонска дијаспора што ја пренесе Гласот на Америка на македонски јазик.

Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура во САД и во сојузната држава Илиноис, како и во градот Чикаго.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, го прогласи 16 септември за ден на македонското наследство.
Во јули, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци,

ИЗВОР СИТЕЛ ТВ.