Му се заканувал со оружје на малолетник: приведен гостиварец

0
68

Вчера, во 14.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот Ј. С. од гостиварско Неготино.

Тој петнаесетина минути пред тоа бил пријавен од малолетник од истото село дека пред училиштето во кое учел во Неготино му се заканил со огнено оружје.

Ј. С. е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува случајот.