Најнова анкета/ 45,35 проценти од граѓаните мислат дека државата се движи во погрешна насока!

0
99
Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето општо земено дали би рекле дека работите во република Северна Македонија се одвиваат во правилна или во погрешна насока 45,35% одоговориле дека државата се движи во погрешна насока, а 13,7 % од испитаниците сметаат дека Северна Македонија се движи во правилна насока. 19,95% од анкетираните одбиле да одговорат, а 21,05% го дале одговорот – не знам.
Албанците за разлика од Македонците се повеќе на ставот дека државата се движи во погрешна насока, односно речиси половина од нив сметаат дека Северна Македонија се движи во погрешен правец.