На Косово пристигнаа уште 130 војници од Романија

0
47

НАТО денеска соопшти дека вчера на Косово пристигнале над 130 дополнителни војници од Романија.

Како што се наведува, дополнителни војници биле испратени за дополнително зајакнување на мировната мисија на КФОР, покрај двесте британски војници кои првично беа распоредени овој месец.

Распоредувањето на овие дополнителни војници доаѓа по насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември и зголемените тензии во регионот“, се вели во соопштението.

КФОР во моментов се состои од над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.