„Од денес ние не сме муслимани“, на Косово е основано движење за напуштање на исламската вера

0
38

Движењето наречено „Само да се биде Албанец“ е основано во градот Дечани во Косово. Станува збор за движење кое промовира откажување од исламската религија, основано од околу 70 луѓе кои се на ставот дека „албанската вера е Албанија“, пишуваат медиумите од регионот.

„На средбата во петокот, 21 октомври 2023 година, група граѓани во Дечани собраа истомисленици од регионите и градовите на Косово. Зборуваа за екстремизмот и штетите што ги предизвикуваат различните сегменти на исламската вероисповед и српското православие. Едногласно изјавуваме дека од денеска не сме муслимани“ рече еден од основачите Весел Лекај.

Тој додаде дека косовското општество е „задушено од исламскиот екстремизам“ и дека е неопходно да се бори против „злото од умот“.

„Религијата на Албанците е албанизмот, затоа што ние мислиме само албански, затоа што сме Албанци пред се. Имаше пораки за поддршка од дијаспората и волја да се поддржи иницијативата, католицизмот директно да се пренесе врз неговите рани корени, односно на европскиот идентитет и култура“ додаде Лејак.