Палестинец со фалсификуван австралиски пасош се обидел да влезе во земјава

0
48

Полицијата на Граничниот премин „Долно Блаце“ приведе Палестинец кој се обидел да влезе во земјава со фалсификуван австралиски пасош.

„На 16.10.2023 во 09.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници привеле едно лице затоа што при контрола и проверка било констатирано дека австралиската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана. Со него бил извршен службен разговор и било утврдено дека бил од Палестина и кај него не бил пронајден никаков друг документ“, сооптшија од МВР.

Како што информираат од МВР, се работи на расчистување на случајот.