Русија: На Блискиот Исток катастрофа од библиски размери, хуманитарните паузи нема да помогнат

0
64

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, синоќа изјави дека на Блискиот Исток се случува катастрофа од „библиски размери“, додавајќи дека „никакви хуманитарни паузи нема да помогнат“.

„Степенот на загубите на агенциите на Обединетите нации е шокантен. Најголемата болница во Газа е под закана, девет болници се неупотребливи, а бројот на цивилни жртви се зголемува бидејќи Газа е отсечена од остатокот од светот“, рече Небензја на итна седница на Советот за безбедност на ОН во врска со хуманитарната ситуација во Појасот Газа.