Амбасадорите на Квинтата на средба со Курти

0
44

Амбасадорите на земјите од Квинтата во Приштина денеска се сретнаа со премиерот на Косово, Албин Курти, јавија косовските медиуми.

Сè уште не е позната причината за средбата, а таа се одржува пред состанокот на Курти со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска од Скопје треба да пристигне во Приштина во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан.

За време на престојот во Приштина, предвидено е Фон дер Лајен да се сретне и со претседателката на Косово, Вјоса Османи.