Убиен тинеџер во Србија, врсник го избодел со нож

0
48

Во Србија денеска околу 11 часот во тепачка со врсник на поткровје од куќа во Нишка Бања е убиено 13-годишно момче. Како што пишува Нова.рс, момчето било избодено од врсник.

Се се случило во домот на момчето кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на соученикот. На лице место новинарите на порталот Нова.рс неофицијално дознаваат дека семејството на осомниченото момче има лош глас.

Соговорниците на порталот рекоа дека семејството е познато по насилство, а посочија дека малолетникот подолго време носел нож со себе. Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.

Второто момче е пренесено во болница и е во шок, пишува Нова.рс. Полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.