ВИДЕО: СТРАШНИ СЦЕНИ ОД НЕПАЛ, ВО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 130 ЛУЃЕ, ПРЕЖИВЕАНИ СЕ ИЗВЛЕКУВААТ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ

0
77

Најмалку 130 луѓе загинаа, а десетици се повредени во Непал кога силен земјотрес го погоди западниот регион Џајаркот, соопштија денеска официјални лица, додека куќите во областа се урнаа, а зградите се тресат до Њу Делхи во соседна Индија.

Непалската војска соопшти дека има повеќе од 100 повредени и дека бројот на жртвите би можел да расте зашто не може да се стапи во контакт со планинската област близу епицентарот. Во тамошните зафрлени села живеат околу 190.000 луѓе.