Apple ќе може да ги ажурира iPhone телефоните додека се уште се во нивните кутии

0
78

Веќе нема да треба да го ажурирате вашиот iPhone веднаш штом ќе го извадите од кутијата.

Според извештајот на Марк Гурман од Bloomberg, Apple развил „специјален уред како подлога“ за оваа намена. Вработените на Apple ќе можат да постават iPhone на тој уред, кој потоа безжично ќе го вклучи iPhone, ќе го ажурира неговиот софтвер и повторно ќе го исклучи. Сето ова може да се направи без отворање на пакувањето.

Според Гурман, Apple планира да започне со ширење на оваа функција во своите продавници пред крајот на 2023 година. Овој систем потенцијално би го олеснил често мачниот процес на сетирање на нов телефон. Со елиминирање на (често неопходната) потреба за ажурирање на вашиот iPhone веднаш откако ќе го извадите од кутијата и ќе го вклучите, ќе се отстрани уште еден чекор што треба да се направи пред да почнете да го користите вашиот нов телефон.