Газа: Израел пронашол команден центар на Хамас под болница

0
50

Израелската армија соопшти дека открила оружје и воена опрема под клиника во Појасот Газа- и објави видео снимка од тоа. Портпарол на војската, уште објави дека под болницата веројатно биле држени заложници.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, синоќа (13 ноември, 2023) изјави дека елитна единица од поморски командоси и оклопна бригада упаднале во детската болница Ал-Рантиси во градот Газа, каде што се криеле оперативци на Хамас.

„Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автоматски пушки АК-47, експлозивни направи, ракетни гранати (РПГ) и друго оружје“, рече Хагари на пресконференција.

Тој, исто така, рече дека „се најдени знаци кои укажуваат на тоа дека Хамас таму држел заложници“, но дека сè уште се истражува и оти военото разузнавање треба да го потврди тоа.

„Покрај тоа, најдовме докази дека терористите на Хамас се вратиле од масакрот на 7 октомври во таа болница, меѓу другите, откако колеа Израелци во нивните домови. Хамас се крие во болниците. Ние ќе му го покажеме на светот тоа“, најави портпаролот на војската на Израел.

Текстот продолжува тука DW.