Денеска средба Мицотакис – Каселакис, прва по изборот на новиот претседател на СИРИЗА

0
42

Средбата ја соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, во понеделникот, на редовниот брифинг со новинарите, рече дека има и институционален карактер, но и дека ја најави самиот премиер по победата на Каселакис на партиските избори.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска ќе се сретнат во грчкиот Парламент, што воедно ќе биде и нивна прва средба по изборите за претседател во опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата ја соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, во понеделникот, на редовниот брифинг со новинарите, рече дека има и институционален карактер, но и дека ја најави самиот премиер по победата на Каселакис на партиските избори.

Извори од СИРИЗА за грчките медиуми, по ставот на Маринакис, посочиле дека Каселакис презел институционална иницијатива за средбата со Мицотакис, а исти институционални покани биле упатена и до ПАСОК и до Комунистичката партија

По изборите во СИРИЗА и победата на Каселакис на крајот од септември, грчкиот премиер имаше телефонски разговор со новиот претседател на опозициската партија за да му честита за победата и паралелно го поканил да се сретнат.