Жител на Битола се шетал гол низ зграда, ги вознемирил соседите

0
39

СВР Битола поднесе кривична пријава против 34-годишниот И.Г., кој минатата недела излегол без облека во ходникот од зградата во која што живее и ги вознемирувал станарите.

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(34) со привремен престој во Битола поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг” по член 190 од Кривичниот законик. На 08.11.2023 год. тој излегол без облека во ходникот од зградата во која што живеел во Битола и ги вознемирил станарите-информираше СВР Битола – се вели во соопштението.