Пензионерка претепала вработена во „Градски паркинг“

0
64

Триесет и осумгодишна жена, вработена во „Градски паркинг“ вчера пријавила дека била физички нападната од жена додека била на работа.

„На 30.10.2023 во 08.30 часот во СВР Скопје, Х.А.(38) од Скопје, вработена во Ј.П. „Градски паркинг“, пријавила дека околу 07.45 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи, била физички нападната од С.С.(72) од Скопје“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.