СВР Тетово за 6 часа одзеде возачки дозволи на 18 пијани возачи

0
76

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контроли на возачите – учесници во сообраќајот, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

При контролата спроведена вчеравечер и ноќеска (4/5 ноември) од 22 до 4 часот биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-6).Кај најголемиот број од возачите-прекршители биле измерени до еден и еден пол промили алкохол во организмот, a кај двајца (ТЕ) над два промили .Сите се веднаш исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол кога управуваат возила, без разлика на поводот и причината (свадби и други семејни свечености и веселби).Зашто, алкохолот негативно влијае на нивната способност за нормално и безбедно управување на возилата, им ја намалува концентрацијата и во крајна линија го зголемува ризикот по нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.