Хорор во Лион: Еврејка прободена со нож во нејзиниот дом, напаѓачот оставил порака – свастика издлабена со нож

0
49

Триесетгодишна Еврејка била избодена со нож во саботата попладне во нејзиниот дом во францускиот град Лион, по што на нејзината врата била пронајдена свастика.Жената е пренесена во болница и не е во животна опасност.

Според тамошните медиуми, некој заѕвонил на ѕвончето, а потоа ја прободел два пати кога ја отворила вратата.

Напаѓачот е во бегство и е облечен во црно.

Локалниот портал Tribune de Lyon пишува дека на вратата била пронајдена свастика издлабена со нож. Оваа информација ја потврди градоначалникот на Лион, Грегори Дусет, во објава на X (поранешен Твитер).

„Првите наоди го наведоа обвинителството да отвори истрага за обид за убиство што може да биде мотивирано од антисемитски мотив“, соопшти обвинителството во Лион.