Се судрија патнички и товарен воз во Србија, има повредени (ФОТО)

0
85

Патнички воз налетал на товарен воз од задната страна во Ратково.

„Вечерва, во петок, 17.11.2023 година, во 18.47 часот патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково. Во овој железнички судир нема загинати. Четворица патници се повредени, а возачот го повредил рамото“, се наведува во соопштението на Железничката инфраструктура на Србија.

И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз, објави Телеграф.