Сообраќајната полиција во Скопје казни 51 возач за брзо возење, а 21 немал возачка дозвола

0
129

Во текот на вчќерашниот ден сообраќајната полиција во Скопје казни 51 возач за брзо возење, а 21 лице немало возачка дозвола.

Сообраќајната полиција во Скопје казни 51 возач за брзо возење, а 21 немал возачка дозвола.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои, покрај за возење повеќе од дозволената брзина и за возење без возачка дозвола, и девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила…, велат од МВР.