Училиштата во Њу Делхи се затворени поради големо загадување на воздухот

0
66

Главниот град е покриен со токсична жолтеникава магла. Според швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот IQAir, нивото на ситни честички прашина РМ 2,5 – најопасните – е 35 пати поголемо од максимално дозволеното според Светската здравствена организација (СЗО).

Главниот министер на Њу Делхи Арвинд Кехривал синоќа соопшти дека сите основни училишта во главниот град ќе бидат затворени најмалку два дена.

„Поради зголеменото ниво на загадување, сите јавни и приватни основни училишта во Њу Делхи ќе останат затворени во следните два дена“, рече Кехривал.

Њу Делхи е една од најголемите градски региони во светот и редовно е рангиран меѓу најзагадените градови во светот. Токсичниот смог, поради согорувањето на земјоделските производи, индустриските емисии и автомобилскиот транспорт, се задржува во мегаполисот со 30 милиони жители.