Шилегов за ТВ 24: Залудно се изгубија две години за „БРТ“- транспортот поради политички инает

0
88

Во вторник пред советниците на Скопје ќе биде проектот Бас рапид транзит или скратено БРТ, откако градоначалничката Арсовска деновиве информира дека биле отстранети сите пречки за негова реализација.

Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов смета дека залудно се изгубиле две години поради политички инает за реализација на БРТ сообраќајниот превоз и натаму тврди дека е најоптимално решение за град Скопје.