SpaceX лансираше десетици минисателити во орбитата како дел од мисијата Transporter 9

0
84

Во рамките на мисијата „Transporter 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Falcon 9 со десетици минисателити, објави во саботата компанијата SpaceX на социјалната мрежа Х.

Мисијата Transporter 9 е деветти специјален лет на ракетата SpaceX во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти.

Falcon 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

Transporter 9 е 82-та орбитална мисија на SpaceX оваа година. Поголемиот дел од мисиите беа посветени на создавањето на Starlink, интернет мегасоѕвездието на SpaceX со повеќе од 5.000 сателити.

Претходната мисија „Transporter 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа лансирани 72 минисателити.