Автомобил удри жена во Центар, итно пренесена во болница

0
196

Тешко повредена 74-годишна жена од Дебар откако во неа удрил автомобил вчера на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„9 Мај“ во Скопје.

Според информациите, се работи за автомобил „рено“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ц.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т. од Дебар, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.