Заев контра Агелер, вели Анѓушев и неговиот тим биле едни од најспособните

0
160

Поранешниот премиер Зоран Заев се огласи преку медиумите со коментар дека и стои на располагање за соработка на амбасадата на САД во Скопје, откако на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев беше ставен на „црната листа“.

„Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено-економска и политичка тема во земјава, вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев“, стои во дел од соопштението упатено од Заев.

Заев вели дека како премиер му било чест што имал таков соработник кому економијата и државата му биле секогаш на прво место.