Израелците не сакаат да се прекине офанзивата во Газа

0
165

Граѓаните на Израел не сакаат армијата да ја прекине офанзива за да го уништи Хамас и покрај повикот на Генералното собрание на ОН за прекин на огнот, зголемениот број на воени жртви и зголемениот број на палестински жртви во Газа, јавија западни медиуми, повикувајќи се на тамошна анкета.

Израелската армија, како што се наведува, претрпе во вторникот еден од најтешките денови во двомесечната војна во Газа кога загинаа десет војници, меѓу кои и еден полковник.