Заев: Подготвен сум да соработувам со амбасадата на САД

0
138

Поранешниот премиер Зоран Заев се огласи преку медиумите со коментар дека и стои на располагање за соработка на амбасадата на САД во Скопје, откако на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев беше ставен на „црната листа“.

„Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Аншушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено-економска и политичка тема во земјава, вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев“, стои во дел од соопштението упатено од Заев.

Денеска американската амбасадорка Анџела Агелер имаше брифинг со медиумите, на кои одби да одговори дали Заев е следен на кој ќе му биде забранет влез во САД.