Ученици фатени како се дрогираат на час во Вараждин

0
134

Тројца ученици од средно стручно училиште во Вараждин, Хрватска се осомничени за консумирање дрога за време на настава.

Во официјалниот полициски извештај се наведува дека 18-годишен ученик на полициските службеници им ги предал предметите кои во моментот на наставата ги имал во себе – проѕирна кеса со 1,4 грама амфетамин, бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама, дигитална вага и мобилен телефон. По претресите во просториите кои ги користеле, и кај другите двајца ученици на 16 и 17-годишна возраст, биле пронајдени амфетамини и марихуана, но пронајдената вага кај насјстариот осомничен укажува на веројатноста дека покрај конзумирањето, се занимавал и со препродажба на дрога.

Директорката на училиштето Весна Врчек за хрватските медиуми рекла дека навремено реагирале бидејќи веднаш штом во училиштето почнале да кружат гласини за овие тројца ученици пријавиле во полиција, која интервенирала во понеделникот наутро на вториот час.

Јасно е дека ова е голем шок за сите наши вработени. Бевме изненадени… И ние и студентите бевме исплашени. Тие реагираа со тоа што нè известија, ние повикавме полиција. Не смееме да претресуваме по учениците, постапивме по протокол. Вакво нешто првпат се случува во нашето училиште во кое има 630 ученици, рече таа.