Избори во Србија: Вучиќ победи, опозицијата размислува за протести

0
164

Српската напредна партија постигна важна победа, макар и на нефер избори. Но, мислењата се поделени околу прашањето дали опозицијата доживеа фијаско. Успехот на Бранимир Несторовиќ пак, е изненадување.

Изборите се и не се завршени. Се затоа што гласањето заврши, гласовите главно се избројани, а резултатот – освен во Белград – е сосема јасен.

А, не се, бидејќи најголемата опозициска партија „Србија против насилство“ изборите ги нарече недемократски и најави дека ќе ги оспори со сите легитимни средства кои и стојат на располагање.

Извори на ДВ и познавачи на приликите, шпекулираат дека е можно тие да повикаат на протести, кои би биле под знак прашалник поради очигледните грешки во чекори што ги направи „Србија против насилство“.