Косовци на диво се тркале со „голфови“ и усмртиле тројца гледачи

0
172

Три лица се загинати и уште тројца се повредени од публиката која следела трка на диво помеѓу два „фолксваген голф“ на автопатот „Ибрахим Ругова“ во блзиина на Призрен.

Еден од возачите од нелегалниот натпревар загубил контрола на автомобилот и завршил во публиката. Возачот, инаку локален жител од Ѓаковица, бил уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.

Жртвите се идентификувани како Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите тројца од Ѓаковица.