Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски

0
194

Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години – вели шефот на државата
Претседателот на државата Стево Пендаровски размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.

„Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години“,

вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.