ВИДЕО: Познати причините зошто се поплави сплавот во Смедерево

0
254

Сплавот, кој беше свечено отворен синоќа, потона нешто по полноќ.

На социјалните мрежи се појавија снимки од гостите како трчајќи пробуваат да се спасат, а како што дознава српски Блиц, се сомнева дека синоќа пропаднала еднаа страна од мостовите која била од страната свртена кон брегот, поради што сплавот се навалил.

Српска „Република“ вчера напиша: Mинатата година овој сплав гореше, а синоќа требаше официјално да биде отворен по повеќе од една година „пауза“.

За среќа нема повредени.

– Водата наеднаш почна да навлегува и тој почна да тоне. Немаше паника. Секоја чест за сите, бидејќи беа скромни и полека излегоа – изјави за Република Никола Милуновиќ, кој беше на сплавот во моментот кога потона.

Сите сме мокри! Неколку пати се враќав внатре за да извадам што е можно повеќе работи кои беа оставени, сакав да им помогнам на сите колку што можам – додаде тој и нагласи дека во оваа прилика нема повредени.

Во средината на август минатата година истиот сплав изгоре од непозната причина.

– Пожарот бил пријавен околу 4 часот наутро, а на лице место веднаш излегле противпожарни единици. Во гаснењето учествувале девет пожарникари, три возила, а пожарот успеале да го локализираат за 15 минути. Целосната акција на гаснење траела утрово до 9 часот и 20 минути – информираат од Секторот за вонредни состојби на МВР на Србија.

Во моментот на пожарот во зградата немало луѓе, па избегната е трагедија, но причинета е голема материјална штета.

Поради големата сличност, луѓето синоќешната ситуација ја споредуваат со новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“ во Белград.

Из Курир.