Полицијата апси во Белград, опозицијата обвинува за брутално насилство кон српските граѓани

0
124

Претседателот на Србија Александар Вучиќ доцна синоќа свика итен состанок на Советот за национална безбедност.

Тој соопшти дека во синоќешните протести двајца полицајци се потешко повредени а приведени се 35 демонстранти.

„Никој нема право да ни ја уништува куќата, имотот на нашата земја и на нашите граѓани, а уште помалку има право да ги загрозува животите на нашите полицајци – рече Вучиќ.

Според српскиот претседател синоќа бил направен обид насилно да се преземат институциите на Србија.

Од друга страна, „Србија против насилство“ го обвинува Александар Вучиќ и неговиот, според нив, брутален и насилен режим кон српските граѓани.

Како што наведуваат во соопштението, биле спречени градските советници и народните пратеници да влезат во градското собрание откако Вучиќ ги испратил своите хулигани да прават инциденти, за потоа да ги испрати специјалните единици, кои со брутална сили ги растерале граѓаните кои протестирале поради украдени избори.

„За тоа сведочат бројните видеа, како и фактот дека еден од демонстрантите бил брутално претепан и му била скршена ногата, клоцајќи го додека лежел на земја. Полицијата го нападна и Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левиот фронт и тоа по завршувањето на протестот“, се наведува во соопштението.

Од СПН го осудуваат насилството со кое, велат, режимот ги разби демонстрациите на граѓаните кои само бараат поништување на изборите, како и обидот мирните протести да се прикажат како насилни.

Alfa