Струјата ќе поскапува за трошаџиите – Бегајте од 3-ти 4-ти блок, апел од надлежните

0
134

Министерот за економија Бектеши лично смета дека струјата треба да поскапи за оние во третиот и четвртиот блок кој што повеќе трошат, за да се заштитат оние од првите два блока. Но, од податоците на ЕВН може да се види дека со влезот во зимските месеци расте бројот на потрошувачи во третиот блок. Од анализите се гледа дека од октомври во ноември околу 10 илјади домаќинства од првите два блока преминуваа во оние со поголема потрошувачка. Најчесто тоа се оние кои се греат на струја.

Во месец Октомври 2023, 86% од корисниците влегувале во блок 1 и 2, односно околу 700.000 корисници. Во месец Ноември годинава, 85% од корисниците влегувале во блок 1 и 2, односно околу 690.000 корисници, соопштија од ЕВН.
Граѓаните кои имаат повеќе потреба за поддршка генерално се во склоп на првиот и вториот блок во делот на потрошувачката во нашата држава. Повеќе од 40-50% од нашата потрошувачка оди во тие два блока. Ние не треба да ги поддржиме и субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика“ – Крешник Бектеши, министер за економија, изјави министерот за економија Бектеши.
Во моментов се уште се прибираат податоци и се праваат последните пресметки пред следната недела да биде објавена новата цена на струјата која ќе важи од први јануари. Бектеши како и премиерот Ковачевски тврди дека нема да поскапи посебно за оние домаќинства кои трошат во рамките на првите два блока. Иако компаниите бараат зголемување на цената од 27 отсто, Бектеши вели дека барањата не се големи но очекува да не бидат прифатени.

Дел до граѓаните добија дневна евтина струја, но паралелно во дел од сметките се воведува и нова ставка која ќе се плаќа а тоа за пристап до мрежа. Бектеши уверува дека новата давачка за празните викендици, станови не се воведува за да се покрие евтината струја преку ден. Новата цена за електричната енергија треба да ја објави ЕВН ХОУМ, но претходно ќе помине на контрола кај регулаторите.

Извор ТВ Телма