Шенах: Вистината за изборите во Србија е малку шокантна, потребни се постизборни активности

0
157

Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ги набљудуваше изборите во Србија, рече дека вистината за државата е донекаде шокантна.

Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ги набљудуваше изборите во Србија, рече дека вистината за државата е донекаде шокантна, дека изборите не биле фер, дека со гласовите биле манипулирани и дека се тоа е проблем за земја која сака да оди по демократски пат.

„Она што го видовме беше цела кампања во која доминираше претседателот. Тоа не е работа на претседателот. Претседателот е неутрална личност која треба да гарантира за земјата и за сите луѓе. Но, актуелниот претседател ги водеше изборите и беше кандидат на сите нивоа, без разлика дали тоа беше село или целата република“, изјави Шенах за Н1.

Тој забележува дека делегацијата на ПССЕ ги следела само парламентарните, а не и белградските избори.

Шенах додаде дека при пребројувањето на гласовите видел дека има ливчиња што се направени на фотокопир и на кои имало печат.

Запрашан дали тоа се демократски избори, Шенах вели дека се што се случило укажува дека е потребен постизборен семинар и постизборни активности.

На прашањето за изјавата на Владимир Билчик од ЕП кои ги следеа изборите, кој рече дека поминале без поголеми проблеми, Шенах вели дека партнерството и демократијата не лежат во убави зборови туку во вистина.

„И вистината беше малку шокантна за она што се случува во вашата земја“, истакна тој.