ВО ЦЕНТАРОТ НА ГОСТИВАР ЌЕ СЕ ПОСТАВИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ НА ЈОСИФ БАГЕРИ

0
220

Во малиот парк до зградата на локалната самоуправа во Гостивар ќе биде поставено спомен обележје на Јосиф Багери, културен деец, православен Албанец, по потекло од Горна Река, објави Гостивар прес. Одлуката беше изгласана на денешната седница на општинскиот Совет, во рамки на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

На сите ни е познато кој бил Јосиф Багери и колкаво е значењето на неговото дело. Спомен обележјето, кое е планирано да се постави во паркот до општината е подарено од донатор“, рече Аслијан Снопче, раководителка на Секторот за образование.